Што означува “Осс”? ”押忍”って何?

Денес имаме уште една лекција од Јапонската култура. Ќе го направиме објаснувањето преку процесот на разбирање од Канџи* (Kanji) за овој збор, многу популарен за користење во Дојо (Dojo). А подоцна ќе позборувам и за културниот аспект на овој збор.Ossu

Овој збор се изговара и пишува на различни начини. Многу го пишуваат Осуили Осс“, додека некои го изговараат Оус“. Јас го запишувам како “Oссу“. Едноставно има различни начини на изговарање и сите се точни.

“O” оссе напишан како и означува туркање или поттиснување. Делот на сс или твој” е напишан со канџито 押忍што означува да издржи или зачувај. Тргнувајќи од ова, овие две канџи* заедно го симболизираат ставот на поттиснување на емоциите и поддршка на напорниот тренинг, исцрпувачкиот напор или должност. Овој збор е многу често употребен кај практикантите на Будо како што се карате, џудо и кендо. Исто така е употребен од страна на атлетските спортистови кои се сметаат за агресивни или мачокако што се безболот, фудбалот итн.

Исто така овој збор е типично искористен од страна на машките атлети кои спортистуваат во Јапонија. Ова е така, затоа што осуе напишан исто и како што означува маж“, така што многу јапонски жени се чувствуваат некомфорно да кажат Осу. Во многу Доџо-а дури и се препорачува да не се користи Осу, а за таа сметка се дозволени поошто прифатените нормални зборови на поздравување, како и неили да при одговарање на сенсеи, семпаи и колегите. Од кога Каратето и Џудото станаа толку многу популарни во светот, истотака се прошири зборот Осс/Осу. Културниот дел на овој збор е многу машко-ориентиран, но ова не е многу проширено кон спортистите и женските практиканти, така да зборот останал и понатаму да се користи.

Да ја погледнеме историјата. Изненадувачки, потеклото на овој збор не е многу јасно и и постојат неколку теории. Јас ќе споделам две од нив.

Едната теорија е дека зборот е измислен во средината на 20-от век од страна на Кралската Јапонска Морнарица, која наводно го негувала духот кој самураите го имале. Начинот на тоа как настанало е следниов. Јапонскиот збор за Добро Утро е Охајо гозаи масу (Охаѕо gozai masu). Вијниците биле тренирани да ги прават нештата набрзина цело време, заклучно со поздравите и одговорите. Се претпоставува дека од поздравот Охајо гозаи масу (Охаѕо gozai masu). го зеле само “O” и твојстанало О-су. Поздравите за попладне и вечер се поинакви, се разбира, но Осу почал да користи за сите прилики, дури и за одговорите кои се, без разлика на Да или Не.


Hagakure 2
Другата теорија вели дека е измислен од самурајскиот клан Сага (острови на Кјушу). Познатиот автор на Хагакуре葉, Цунетомо Јамамато (Tsunetomo Yamamoto山本常朝 1659-1719) е роден во овој клан и бушидото било јак и извежбан како стриктен манир.

Наводно, младите самураи од Сага кланот во 8-от или 9-от век, го користеле зборот Осу во нивните утрински поздравувања.

Доколку сте заинтересирани за Јамамато Цунетомо, можете на следниов линк да ја прочитате неговата биографија на Википедиа:

http://en.wikipedia.org/wiki/Yamamoto_Tsunetomo

Хагакуре, од многу самураи претставува духовен водич за вистинско Бушидо.

Доколку не сте чуле за ова познато дело, Хагакуре, можете да прочитате преку едноставното објаснување на Википедиа, на линков подолу:

Hagakure was considered by many samurai as their spiritual guide in the true bushido.

http://en.wikipedia.org/wiki/Hagakure

Многу луѓе ме прашале зошто има само еден збор Осу за двата одговори и за Да и за Не. За да можеме да го разбереме ова, мора првенствено да ја разбереме културата или Јапоснките Бушидо Боречки Вештини. Рбетот на бушидо е послушността. Хагакуре. Читај и разбери подобро, без разлика дали се сложуваш или не со фундаменталниот концепт на тотална послушност. Во западниот свет, кога Сенсеи-то ќе рече скокај, учениците можно е да прашаат зошто или не“, се разбира, некои ќе прашаат колку високо?“. Во јапонското Доџо, сите студенти без исклучок ке одговорат Осуи ќе скокнат. Од тука најверојатно произлегува безпотребноста за не во Доџо во Јапонија. Сакам да нагласам дека целтта да се споредуваат две култури на два различни света е неосудувањето за тоа чиј е поправилен, туку едноставно ја покажува различността, со тоа читателите би добиле подобро разбирање на материјата.

Се надевам дека имате подобар увид и идеја на тоа што е Осс“, на тоа зошто и од каде доаѓа. Исто така се надевам дека овој збор ќе добие подобро признание и дека ќе се бде посвесен во неговата употреба кога ќе се каже Осс

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *